DashCam500 камера за автомобили

Имање на камера во автомобилот која постојано снима е од исклучително голема корист (особено за осигурителните друштва) во случај да се случи некоја несреќа, без разлика на нејзината сериозност.



Компанијата Rand McNally сега ја лансираше нивната најнова камера наречена DashCam 500, која нуди снимање на видеа и фотографии со висок квалитет, а е придружена и со апликација за смартфони.

Камерата е способна да пренесува видеа и фотографии преку WiFi конекција до апликацијата која е на располагање и за iOS и Android платформите, овозможувајќи синхронизирање и споделување на снимените материјали.

Уникатно е копчето Flashback, со кое не само што видеото ќе биде снимено кога тоа се притиска, туку ќе бидат снимени и неколку минути материјал пред истото да биде притиснато. Во DashCam 500 е вграден и “G” сензор за заштита од сообраќајни несреќи кој автоматски забележува кога несреќата се случува и снима видео материјал од моментот кога ќе детектира удар во возилото, притоа забележувајќи го точниот датум и време, а истиот се активира дури и кога возилото е паркирано. Камерата има и MapShots, опција која ги превзема податоците од интегрираното GPS и на мапа покажува каде видеото или фотографиите биле снимени.



Преку мобилната апликација корисниците ќе можат да ги проверуваат видеата од камерата во живо, како и да ја менаџираат галеријата од веќе снимени фотографии и видеа, да ги менуваат нагодувањата на камерата, и да ги превземаат или споделуваат материјалите.

DashCam 500 може да снима во резолуција од 1080p во постојан loop, а информациите ги складира на 16GB SD мемориска картичка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...