Infinite Cooler – најдобриот преносен ладилник за одење на пикник

Одењето на пикник е искуство кое секој би требало да го доживее барем еднаш во животот. Но, што е пикник без добра храна и студени пијалаци?



Infinite Cooler е можеби најдобриот преносен ладилник за вакви прилики, а производителот со право го рекламира како единствен ладилник кој на било кого би му требал .

Овој мултифункционален ладилник функционира и како „забава во кутија“ – има простран капацитет, т.е волумен од околу 60-тина литри за складирање храна и пијалаци, како и вграден Bluetooth звучник преку кој безжично можете да пуштате музика од смартфон или било кој уред со BT конекција.



Исто така може да се користи и како полнач за напојување на смартфони, таблети и останата електроника, а со интегрираниот блендер/мелница за кафе од 550 вати ќе можете да спремате разна храна и пијалаци, дури и во темнина бидејќи има и LED лампа која ротира за 360 степени.

Останатите работи кои ги нуди вклучуваат држачи за чашки, USB лампа за одбивање на инсекти, вградена подлога за сечење храна на неа, како и прибор за јадење, отворач за шишиња и тапи. Цената ќе му биде $600 (или $229 преку кампањата на Indiegogo), а на пазарот треба да се појави во април 2019-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...