Нов робот на MIT визуелно разбира предмети кои првпат ги гледа

Компјутерската визија – способноста на машините да ги „гледаат“ објектите или сликите и да ги разберат – веќе се користи, на пример, за отклучување на  iPhone само со гледање во него. Но, проблемот е што истиот веќе мора да ја има видено таа информација (т.е лицето) за да знае во што гледа.



Сега, истражувачите од CSAIL од MIT развиле систем за компјутерска визија кој може да идентификува објекти кои никогаш претходно ги немал видено.

Системот бил наречен DON, а може да „гледа“ бидејќи ги гледа објектите како колекција на точки кои ги процесира да формира тридимензионална мапа.

Кога DON гледа објект кој не му е познат, може да идентификува разни делови од него. На пример, откога истражувачите му покажале патика и го научиле да ја подигне со фаќање за јазикот, системот тогаш можел да подига и други чевли за јазикот, иако никогаш претходно не ги видел или истите биле во различна позиција во однос на оригиналот.



Ваква напредна форма на компјутерска визија би можела да им овозможи на роботите да прават полно работи кои денес не можат. На пример, еден ден би можеле да имаме робот опремен со систем кој сортира предмети во центар за рециклирање како што тие се движат по подвижната лента, без потреба претходно да се тренира со огромни бази на податоци од разни предмети.

Дефинитивно, ваквите технологии се чекор напред за создавање роботи кои еден ден ќе можат да се движат/гледаат/размислуваат исто како и човекот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...