Ласер за напојување на дронови кои би летале бесконечно

Дроновите веќе вршат полно функции за нас – испорачуваат пакети, помагаат во мисии за пребарување и спасување и се дел од разните проекти за одржување на животната средина.



Но, немаме ефективен начин овие уреди да ги напојуваме за подолги временски периоди, бидејќи повеќето од нив можат да останат во воздух околу 30-тина минути.

Тоа наскоро може да се смени бидејќи војската на САД работи на развивање на систем со кој со ласер испукан од земјата би се напојувал воен дрон додека е во лет. Клучот е со него да се погоди фотоволтаичната ќелија на дронот која потоа светлината од ласерот ќе ја конвертира во електрицитет, а надежите се дека ова би можело да се постигне од оддалеченост од 500 метри.

Војската има неколку пречки кои мора да ги надмине пред овој систем да е спремен за употреба, од која најголемата е да не го истопи дронот бидејќи енергијата од ласерот која нема да биде конвертирана во електрицитет ќе се претвори во топлина која би можела да му предизвика сериозни оштетувања.



Доколку овој систем се усоврши, војската ќе има начин дроновите да ги одржува во воздух практично бесконечно, што би било корисно за континуирано набљудување на непријателот од воздух со дронови поставени над воени бази, а истиот би бил исклучително корисен и за цивилна употреба (во мисии за спасување и сл.)

Сега засега, војската развива систем доволно моќен да напојува дронови на земјата до 2019-та, а следниот чекор ќе биде напојување на дронови во воздух за што војската смета дека ќе биде спремна да го прави до 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Спортски пилот на аеро митинг прави лупинзи, и одеднаш забележува дека му се запалил десниот мотор.Веднаш се јавува во контролната кула:
- Десниот мотор се запали,што да...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од вторник - 16.10.2018, ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на...
Верски календар
На денешен ден
1760.- Роден е Клод Анри Сен Симон, француски...
1797.- Во италијанското село Кампоформио...
1803.- Роден е унгарскиот политичар Ференц Дак,...
1849.- Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен,...