Швајцарската компанија Кüschall ја развила, според нив, најлесната инвалидска количка на светот, користејќи материјали кои се користат во воздухопловната индустрија.
Наречена „Superstar”, оваа количка има рамка која тежи само 1.5kg – кој е за 30% полесен и 20% поцврст во споредба со класичните јаглеродни модели.
Кüschall Superstar е направена од полу-металот графен, најцврстиот материјал познат на човештвото, кој е 200 пати поцврст од челикот и 10 пати од дијамантот, но е неверојатно флексибилен и ултра-лесен. Направен е од еден слој јаглеродни атоми, цврсто врзани едни со други во јаглеродна решетка.
Дизајнот на оваа количка е наменет за 50-70% од корисниците на инвалидски колички кои во првите 10-15 години користење на количка завршуваат со повреди на горните екстремитети.
Индустрискиот дизајнер и проект лидерот на компанијата, Андре Фанџиро, соработувал со производители на Formula 1 за да ги усоврши возачките способности на Superstar. Количката има геометрија во форма на буквата Х и амортизирачки карактеристики кои овозможуваат подобрување на перформансите и агилноста бидејќи бргу реагира на секое движење.
Тркалата се позиционирани поблиску до корисникот со што се зголемува ефективноста во забрзувањето и движењето на количката, а истата има и седиште со интегрирана перница.