Пилоти ќе можат да контролираат авиони преку невронски импланти

Војската сè повеќе им олеснува на војниците да се дистанцираат себеси од последиците од војните. Кога се појавиле воените дронови, пилотите за прв пат можеле да седат во канцеларија во САД и да фрлаат бомби на други боишта.



Сега, еден пилот ќе може да го прави истото и тоа само со неговиот ум.

DARPA претставиле проект на кој работат уште од 2015 – технологија која на една личност и дава способност да пилотира неколку авиони и дронови истовремено и тоа со умот.

Во 2016-та  доброволец опремен со мозок-компјутер интерфејс бил способен да пилотира летало во летечки симулатор додека други два авиони ги држел во формација – сето тоа само со неговите мисли.



Во 2017-та  во друга симулација било возможно да се пилотира авион, но со хаптички повратни информации – ако авионот требало да се движи во одредена насока, невронскиот имплант креирал сензација на трнење во рацете на пилотот.

Бидејќи ваквата технологија користи електроди имплантирани во и на мозочните сензорни и моторни кортези, експериментирањето било лимитирано врз доброволци со одредени степени на парализа, односно оние кои веќе имале вградено мозочни електроди во нив, или веќе имале причина да се подложат на операција.

За да се обидат оваа технологија да ја направат попристапна и без да побарува хируршко имплантирање на сонди во мозокот, DARPA ја претставиле програмата N3 - NExt-Generation Nonsurgical Neurotechnology (N3) / следна генерација на нехируршка невротехнологија.

Нивниот план е да се направи уред со слични способности, кој повеќе ќе личи на EEG капа која пилотот ќе може да ја извади откако ќе ја заврши мисијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...