Алгоритам предвидува дијагноза за депресија преку статусите на Facebook

Постојат многу артикли и студии кои покажуваат поврзаност помеѓу користењето на социјалните медиуми и менталните заболувања – но што ако истите тие социјални медиуми можат да се искористат за дијагностицирање на случаи на депресија, пред индивидуата да побара лекарска интервенција?



Се испоставило дека вашиот Instagram филтер може да е изненадувачки добар индикатор дали сте депресивни, па сега компјутерските научници од Стони Брук универзитетот, како и од универзитетот на Пенсилванија, создале алгоритам кој го користи Facebook за предвидување на дијагноза за депресија.

Ендрју Шварц, авторот на оваа нова студија, вели дека она што луѓето го пишуваат на социјалните медиуми претставува аспект од животот на кој е тешко да му се пристапи во медицината и разните истражувања. Тоа е димензија која не е скоро воопшто истражена, во споредба со биофизичките маркери на некоја болест, а симптоми на состојбите како депресијата, анксиозноста и PTSD-то можат да се забележат во начинот на кој луѓето се изразуваат во дигиталниот свет.

Алгоритамот бил креиран користејќи 524 292 Facebook статуси, од кои некои биле од индивидуи кои подоцна биле дијагностицирани со депресија. Истражувачите ги издвојувале зборовите и фразите кои биле најчесто користени, и ги категоризирале во 200 теми за да ги идентификуваат т.н „јазичните маркери поврзани со депресијата“. Потоа, јазикот на депресивната група би можел да се спореди со оној на контролната, за да се забележат различните модели на дигитално изразување помеѓу овие две групи.



За да го тестираат, тие ја анализирале содржината и фреквенцијата на Facebook постовите на 683 жители на градот, од кои 114 имале дијагноза за депресија во нивните медицински картони, а алгоритмот ги идентификувал благодарејќи на специфични јазични маркери.

Таквите маркери се поврзани со емоционалните, когнитивните и интерперсоналните процеси (како непријателство, осаменост, размислување и тага), и би можеле да помогнат да се предвиди депресијата и до 3 месеци пред официјалната дијагноза. Како што покажало истражувањето, луѓето со депресија почесто користеле заменки во прво лице како „јас, моето“, како и зборови поврзани со депресивно расположение (солзи, плачење, болка), осаменост, непријателство, анксиозност, и др.

Оние кои подоцна биле дијагностицирани со депресија најчесто постирале подолги статуси, чија просечна бројка на зборови била за 1424 повеќе од онаа на контролната група.

Иако сегашната перцепција е дека користењето на социјални медиуми не е премногу добро за менталното здравје, тоа може да биде важна алатка за дијагностицирање, набљудување и евентуално третирање на некои ментални проблеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...