Фитнес тракер за кревање тегови, HIIT и кросфит

Доколку трчате или возите велосипед, листата на уреди т.е фитнес тракери за следење на активноста е огромна. Но, оние кои вежбаат во теретана, а сакаат да си ја следат активноста на сличен начин, немаат премногу избор во поглед на фитнес тракерите.



Големите компании како Garmin се имаат обидено да вклучат бројач на повторувања во нивните фитнес тракери и паметни часовници, но не со преголем успех, а истото го имаат сторено и разни други стартап компании.

Сега, канадскиот стартап Push кој изминативе 5 години развива технологии за атлети и нивните тренери, создал тракер наречен Nexus кој се состои од компресирачки ракав со мало уредче во него, наменет првенствено за кросфит атлтетите кои сакаат да имаат увид во нивните вежби во реално време.

За Nexus моментално се води кампања на Kickstarter, а ќе чини околу $210 и на корисниците ќе им нуди автоматска детекција на вежбите, броење на повторувањата, пресметување на односот помеѓу вежбањето и одмарањето помеѓу сериите и сл.



За изработка на алгоритмот кој го прави сето тоа на тимот од Push им била потребна година и пол, за кое време во базата податоци на уредот има 20 милиони повторувања на различни вежби, со чија помош можат автоматски да се детектираат над 140 вежби.

Nexus се користи така што во апликацијата поврзана со него се вметнува што да следи (движења, поединечни повторувања, сетови), се вклучува електронскиот тракер кој се става во ракавот, и толку – тракерот потоа ги детектира движењата низ просторот при што се мерат и анализираат со алгоритмот.

Податоците добиени од тракерот се синхронизираат со апликацијата, преку која можат да се споредат со вежбачките перформанси од претходните тренинзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...