Паметен катанец на igloohome

Компанијата igloohome го претстави својот паметен катанец со иновативна PIN код технологија која на корисниците им овозможува далечински пристап без потреба од преземање на дополнителна апликација.



Со овој катанец корисниците можат да овозможат пристап на нивните домови, дворови и слично, на гости, работници и др.уги луѓе преку две уникатни опции: PIN кодови или Bluetooth клучеви.

Со PIN кодовите, нема потреба од преземање на апликација за да се добијат пристапните кодови. Наместо тоа, тие може да бидат испратени преку текст, мејл или Facebook Messenger, по што можат да се користат со впишување во катанецот – без потреба од апликација или регистрација на некаков сервис.

Кодовите моќе да функционираат веднаш, како да им се даде и „рок на траење“ кога истекуваат. Ваквата PIN код технологија веќе се користи во системите за интернет банкарство, а igloohome се првите кои ги употребиле во некоја друга индустрија.



Како алтернатива на кодовите, опција се и Bluetooth клучеви (преку смартфон), при што оној кој го отклучува катанецот мора да го доближи телефонот (на кој се наоѓа виртуелниот клуч) до него.

Igloohome паметниот катанец има вградени можности како логови во врска со тоа кој сè му пристапувал, потсетници за повторно заклучување, сигурносен аларм, и LED индикатор на статусот. Доколку сте компанија на која и се потребни полно вакви катанци, постои опција за нивно лесно менаџирање, која секако се наплаќа дополнително.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...