Вештачко дрво отпорно на вода и оган

Научници од Кина креирале нова лесна супстанца цврста како дрво, но за разлика од него, отпорна на оган и вода.

За да го креираат ова синтетичко дрво, научниците земале раствор од полимерна смола и додале хитозан, шеќерен полимер добиен од школките на ракчињата.



Оваа мешавина била исушена со замрзнување, со што се создала структура полна со малечки пори и канали, за потоа да биде загреана до температури до 200 °C, со што се зајакнале хемиските врски.

Крајниот резултат бил материјал кој е отпорен на кршење како природното дрво, а покрај тоа што е водоотпорен и огноотпорен, не му се потребни години за да израсне.

На примероците потопени во вода и киселини во период од 30 дена цврстината им се намалила многу малку, во споредба со природното дрво кое за тоа време изгубило 2/3 од цврстината и 40% од отпорноста на кршење. Новиот материјал исто така тешко се палел, а горењето му запирало веднаш штом бил тргнат од огнот.



Ова вештачко дрво би имало разни намени, а порозноста и капацитетот за заробување на воздухот го прави идеално за користење како изолација во живеалиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...