AI систем кој детектира депресија во гласот

Депресијата може да се манифестира преку многу различни симптоми – од „губење на енергијата“ до “неодлучност“ и слично. Широкиот критериум за тоа што сè претпоставува дека спаѓа во симптоми во оваа болест ја прави тешка за дијагностицирање со висок степен на сигурност.



Сега, истражувачи од лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција (AI) на MIT создале алгоритам кој би можел да елиминира дел од овие претпоставки. Тие користеле текстуални и аудио податоци од 142 интервјуа со пациенти – од кои 30 биле дијагностицирани со депресија – за да го научат алгоритмот со машинско учење да препознава знаци на депресија во говорот.

Истражувачите особено внимание обрнале на истражувањето на тонот на гласот на пациентите, а не само на специфичните зборови кои ги користеле. Оваа техника се покажала како успешна, бидејќи успеала да ги идентификува субјектите кои биле дијагностицирани со депресија со 77% точност.

Иако резултатите, особено како за прво тестирање, се одлични, тоа не значи дека еден ваков AI систем е способен комплетно да замени човечки терапевт, туку може да служи како уште една дополнителна алатка во рацете на човекот со која дијагностицирањето на депресија кај пациентите значително би се олеснило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...