Retire – систем за велосипедски гуми кој функционира со патент

Норвешката компанија „Retyre” пронашла полесен начин за менување на гуми на велосипед, односно за модифицирање на постоечките во на пример, гуми за возење во зимски услови.



По двегодишно развивање и тестирање, тие создале сет гумени „кожи“ кои можат со патент да се зацврстат врз веќе постоечките гуми или отстранат од нив за помалку од 60 секунди и кои не испаѓаат дури и при големи брзини или при остро вртење во кривини.

Retyre системот е составен од 2 дела – целосна гума со интегрирани странични патенти кои се монтираат на стандардниот бандаж и најмалку една retyre „кожа“. Со користење на лизгачки механизам и патент, возможно е инстантно да се додаде нова „кожа“ врз постоечките гуми која е поприкладна за возење на некој различен вид на терен.

Направени од 90% природна гума, на располагање се 3 „кожи“ – една за секаков терен, една која содржи карбид и е наменета за возење во зимски услови и една наменета за груб терен како што е шумскиот, или за возење по удолници.



Компанијата планира да направи „кожи“ во кои ќе бидат вметнати LED светла и електроника која ќе комуницира со смартфонот на возачот, како и онакви од специјални материјали како влакна од кокос и 100% гума која ќе може да се рециклира.

Гумите и кожите се на располагање во димензии од 26″, 27.5″, 28″ и 29″, во различни бои за да се поклопат со боите на велосипедот. Цените на основните гуми се движат од $36 до $70, додека на кожите од $55 до $70.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...