Kintell систем за „паметен дом“ наменет за постари лица

Нашето општество постојано се унапредува од технолошки аспект, со „паметни“ варијанти на мобилни телефони, автомобили, светилки, како и уреди за домот.

Многу аспекти од животот бавно, но сигурно се движат кон целосна автоматизација, поради што од Kintell создале паметен домашен систем специјално дизајниран за фамилиите кои сакаат да го подобрат здравјето и благосостојбата на нивните постари роднини, како и да се во постојан контакт со нив без тоа да влијае на нивната независност и контрола во носењето одлуки.

Целната група на корисници на Kintell „паметниот дом“ се лицата стари над 70 години, за кои што е доволно интуитивен за користење по релативно малку време поминато во учење на неговите функции. Тој е наменет за асистирање во форма на потсетници (кога да се пие одреден лек, кога вода, кога да се прави одредена физичка активност и сл.), но има и полно други функции кои можат да се персонализираат во зависност од потребите – ноќно светло кое не пречи при спиењето, а овозможува доволно видливост доколку личноста стане доцна навечер за до купатило, контрола на уредот со гласовни команди, аларм и др.

Така, на пример, со Kintell можат да се прават мемориски „вежби“ за зголемување и одржување на меморијата, а членовите на фамилијата преку апликацијата можат во секое време да проверат дали навремено е испиен некој лек, дали е сè во ред со интернет конекцијата во домот каде се наоѓа Kintell системот и сл.


Сите Kintell уреди кои се дел од овој систем имаат способност за репродукција на аудио сигнал, голем и читлив LED дисплеј, како и специјален „клуч“ кој доколку (лесно) се извлече од уредот во итен случај, веднаш испраќа известување до членовите од фамилијата дека нешто не е во ред.

Еден ваков уред ќе чини околу $100 а треба да се појави на пазарот во почетокот на вториот квартал од 2019.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...