Amazon ја тестира технологијата за купување без употреба на каси и персонал

Иднината на купувањето веќе е тука – Amazon отвори 7 Amazon Go продавници низ САД во кои може едноставно да се влезе, да се земат потребните продукти од рафтовите и да се излезе – без ризик дека некој ќе биде обвинет за крадење.



Системот зад овие продавници функционира така што сето она што купувачот ќе го одбере се детектира со помош на софистицирани камери и сензори напојувани со алгоритми со вештачка интелигенција. При влегувањето во продавницата корисникот треба само да ја активира Amazon Go апликацијата и потоа сето тоа што ќе го одбере автоматски му се наплаќа преку неговата сметка на Amazon.

Компанијата веќе има и недвижнини каде може да ја користи оваа технологија, бидејќи уште во 2017-та го има купено синџирот маркети Whole Foods – но сè уште не е познато дали истата ќе ја вгради во сите вакви маркети.



Amazon не е единствената компанија која сака да ја користи ваквата технологија – Sam’s Club брендот на Wallmart исто така отвара продавница без продавачи во Тексас, со таа разлика што купувачите ќе треба да користат посебна апликација за скенирање на продуктите кои ги купуваат, бидејќи тие нема да се детектираат автоматски.

Ова значи и дека технолошките гиганти како Amazon ќе можат да собираат уште повеќе податоци поврзани со нашите купувачки навики, па дури за тоа каква облека носиме во продавниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...