Zanco S-Pen – многу повеќе од пенкало

Zanco S-Pen на компанијата Zini Mobiles е многу повеќе од обично пенкало. Додека смартфоните стануваат сè поголеми и покомплицирани во поглед на функционалноста, Zanco S-Pen е спротивното – малечка мултифункционална алатка за презентирање која може да се поврзе со смартфон.



Во него има вградено ласер за покажување при презентации, како и диктафон со кој може да се снимаат разни забелешки. Исто така има вградено и камера од 5MP со чија помош може да се направи некоја фотографија, наместо на пример она што го сликате да го опишувате на глас во диктафонот.

Zanco S-Pen може да се поврзе со смартфон преку Bluetooth и да се користи за гледање и одбивање на телефонски повици, со цел непотребно да не се прекинува некој важен состанок. S-Pen исто така може да се користи како универзално пенкало за лесно и прецизно пишување, а може да се користи и како алатка за цртање во проекти кои вклучуваат графички дизајн. Податоците ги снима на SD мемориска картичка вградена во него, додека батеријата издржува и до 6 дена во мирување.



Zanco S-Pen е одлична компактна алатка која користи во ситуации каде голем смартфон не би бил премногу практичен, особено во бизнис опкружување (постојани патувања врзани со работата, презентации, состаноци и сл.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...