Луѓето со парализа имаат начин повторно да бидат дел од работната сила благодарение на роботи високи 120cm.
Во Токио, Јапонија, се отвори кафуле кое наместо да вработи човечки келнери или автономни роботи, функционира со помош на роботски келенери контролирани од далечина од луѓе со парализа – фантастичен експеримент за иднината на вработувањето, инвалидитетот и технологијата.
Кафулето “Dawn ver.β“ е направено во соработка со All Nippon Airways, Nippon Foundation и Ory, јапонска стартап компанија која произведува роботи. Ory се производител на роботите кои се „вработени“ тука и на кои може да им се даваат команди да се движат, зборуваат или носат објекти само преку движење на очите.
Десет парализирани индивидуи заработуваат $8.80 на час работејќи во кафулето преку нивните роботски аватари. Иако кафулето е само експеримент, луѓето кои стојат зад него се надеваат дека негова постојана верзија ќе се отвори до 2020-та.
Дури и тоа да не се случи, овој проект служи како студија за начините на кои роботите можат да создадат работни места за луѓето кои инаку физички не би биле способни да бидат дел од работната сила.