Rover Speed – паметен куфер

Компанијата COWA дизајнирала паметен куфер чија целна група се оние кои често патуваат и го рекламираат како прв куфер со вештачка интелигенција кој ќе ви ги олесни патувањата.



Она што го двои од останатите слични модели е тоа што нуди автономна контрола, избегнување на препреки на патот, како следење на неговата локација и добивање нотификации преку смартфон.

Rover Speed знае точно каде се наоѓате во секое време и ќе ви испраќа нотификации на телефонот доколку се оддалечи од вас повеќе од 2 метри, а кога сте во движење самиот ќе ве следи (буквално) во чекор – што значи барем едната рака ќе ви биде слободна за носење дополнителен товар или нешто друго.



Направен е од материјали со висок квалитет способни да го издржат сè она што се случува на секое просечно патување – влечење преку пукнатини, превртување на подвижните ленти по аеродромите, фрлањето во багажник на такси возила и сл.

Алуминиумската рамка му е направена со 100% германски Bayer поликарбонат, тркалата се нечујни, има носивост од 10 килограми, а сензорите се вградени во ергономската рачка. Rover Speed е напојуван од батерија со капацитет до 6400mAh која може да се отстрани, а е одобрена за летови, и која исто така служи како Powerbank за напојување до 8 мобилни телефони.

Куферот со смартфонот се поврзува преку Bluetooth, а кога ќе се појави на пазарот во јануари ќе може да се купи во „фантом црна“ или „тркачки црвена“ боја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...