Lovot – робот придружник кој го буди инстинктот за љубов

Иако живееме во свет што сè повеќе е виртуелно поврзан, исто така сè повеќе луѓе страдаат од осаменост. Во некои од развиените земји степенот на самоубиства се зголемува. 

Тоа што некој е опкружен со фамилијата или пријателите не значи и дека не е осамен, бидејќи може да се чувствува одвоен од сето тоа.



Компанијата GROOVE X се надева дека оние кои имаат потешкотии во склопувањето пријателства или во пронаоѓањето на некој да го сакаат ќе успеат тоа да го надминат со новиот робот придружник со името Lovot.

Името му е кратенка од Love (љубов) + робот и се рекламира како робот кој треба да го разбуди инстинктот за љубов кај неговиот сопственик. Иако еден од начините тоа да се постигне е и земање на домашно милениче, тоа сепак побарува посериозни обврски за кои не секој има услови или пак желба и волја.

Lovot има вградено напредна технологија која вклучува т.н „емоционална роботика“.



Се продава во пар од 2 роботи кои имаат сензори за допир насекаде низ телото, како и дисплеј на очите од 6 слоеви. Кога ќе види некоја за него непозната личност, тој ќе се однесува „засрамено“ и ќе бара внимание кога сопственикот ќе му се најде на пат.

Целта на ова е на сопствениците да им даде чувство на олеснување и задоволство, да ги научи да допираат и гушкаат други за да ја почувствуваат радоста која се чувствува кога некој се сака.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...