Отворена е реновираната Телеком продавница во центарот на Охрид

Продавницата нуди интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците

Македонски Телеком денеска ја отвори реновираната продавница во центарот на Охрид. Со реновирањето, променет е изгледот на Телеком продавницата којашто доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот со прикажување на куќата на Робевци, којашто е карактеристична за поднебјето.

Сега, продавницата којашто се наоѓа во административната зграда на Македонски Телеком во Охрид нуди атрактивен, модерен и пред сè, пријатен амбиент за корисниците.

На денот на отворањето на реновираната продавница во Охрид, Македонски Телеком подготви изненадувањe за своите корисници. Секој корисник којшто ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор има можност да купи мобилен телефон во Smart M тарифата со попуст до 50 отсто.

Реновираната Телеком продавница во Охрид овозможува подобра услуга, одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

Корисниците отсега во единствената Телеком продавница во Охрид, можат сè на едно место, брзо и лесно, да го најдат она најмногу што им одговара, согласно потребите и можностите.

Со преуредувањето, интерактивниот концепт на Телеком продавницата во Охрид дополнително го збогатува единственото корисничко искуство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...