Orca – автономни подморници на Boeing

Морнарицата на САД потпишала договор со Boeing за 4 екстра-големи автономни подводни возила (XLUUV - Extra-Large Unmanned Underwater Vehicle) – со други зборови, за огромни дронови-подморници.



Наречени Orca (Орка), овие подморници ќе можат да извршуваат од извиднички мисии, па до потопување на бродови од големи далечини. Дрон-подморниците како Орка ќе ја револуционизираат морската војна, овозможувајќи евтини вооружени системи кои би се наоѓале во првите борбени редови или би се користеле онаму каде што опасноста е преголема за бродовите со екипаж.

Според договорот, Boeing ќе добијат 43 милиони долари за создавање, тестирање и испорака на 4 Орка возила, кои ќе бидат базирани на Echo Voyager технологијата вградена во подморницата користена за нејзина демонстрација.

Орка дроновите ќе имаат домет од 6500 наутички милји и ќе можат да функционираат автономно со месеци. Нивната димензија ќе биде 15 х 2,5 х 2,5 метри, а тежината 50 тони.

Технологијата вградена во нив ќе вклучува инертен систем за навигација, сензори за длабочина, а ќе можат и да испливуваат на површината за да ја фиксираат својата позиција преку GPS. Максималната длабочина до која ќе може да нуркаат е нешто над 3 километри, со максимална брзина од 15км/ч.

Подморниците ќе имаат модуларен систем за товар кој ќе им овозможува да пренесуваат различен вид на товар за различни мисии, со капацитет од максимум 56 кубни метри и максимална должина од 10 метри. Во нив ќе може да се вгради и Mk.46 лесно торпедо, како и Mk.48 тешко торпедо кое би се користело за напад на бродови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...