Паметни тагови предупредуваат кога на храната и се ближи рокот на траење

Ovie е технолошка стартап компанија од Чикаго која на CES 2019 ја претстави својата линија на садови за складирање на храна кои корисниците ги предупредуваат кога на храната во фрижидерот и се ближи рокот на траење.

Tоа го прават со помош на паметни тагови (smartTags) кои се закачуваат на садовите или храната и кои информациите за нејзиниот рок на траење ја испраќаат на смартфон апликација.

Линијата на производи вклучува садови, тагови и специјални штипки кои можат да се зацврснат на било која постоечка амбалажа на храната (тетрапак пакувања и сл.). Кога тагот има зелена боја тоа е знак дека храната е сè уште свежа, а кога има портокалова или црвена боја тоа значи дека таа е блиску до расипување или најверојатно е веќе расипана.



Како сето ова функционира? Кога се притиска копчето на smartTag-от, тој се поврзува со „облакот“ на Ovie и чека понатамошни инструкции. Кога ќе го внесете видот на храната која што сте ја „тагнале“, од базата на податоци на Ovie назад во тагот се добиваат информации во врска со тоа кој и е рокот на траење и започнува „одбројувањето“.

Кога ќе помине пола од тој период, тагот ја менува бојата во жолта и испраќа нотификација до вашиот смартфон, на апликација која исто така сугерира што сè може да се приготви со храната во фрижидерот која сè уште не е расипана.



Оваа технологија е дизајнирана да функционира и со Amazon Alexa системот за препознавање на говор, а во иднина се планира компатибилност и со Google Home.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...