Паметен кревет од Ford го решава најчестиот проблем при заедничкото спиење

Ford, компанијата позната по своите автомобили, создаде прототип на паметен кревет кој користи технологија со подвижни ленти за да оние кои спијат на него ги држи на „нивната страна“.



Автопроизводителот всушност ја адаптирал својата технологија за центрирање на возилата при возење во одредена лента, со која возилото се нагодува секогаш да вози на средината на лентата со помрднување на воланот во посакуваниот правец.

Ваквиот кревет е решение за проблемите кои се јавуваат кога на него спијат двајца од кои едниот има обичај често да „навлегува во лентата“ на другиот и да го турка кон работ, оставајќи му многу мал простор за комотно спиење.

За да се постигне тоа, сензорите за притисок детектираат кога личноста се преместува од едната на другата страна на креветот и таа нежно се поместува со помош на интегрираните подвижни ленти.

Овој кревет е креиран како дел од „Ford interventions”, проект со кој технологијата на компанијата се користи за справување со секојдневни проблеми. Други работи кои се дел од овој проект се и куќичката за кучиња која го елиминира надворешниот звук (огномети, петарди, автомобили итн.), и паметно креветче за деца – од кои сите се само во форма на прототип и не постојат планови во скоро време да се појават на пазарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...