DigiGirlz ги мотивира младите девојчиња да станат дел од ИТ светот

DigiGirlz се организира низ цел свет како дел од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт, но во Македонија зеде посебен замав кога минатата година во Скопје и Тетово стотици млади девојчиња ја имаа можноста да се запознаат со начините како да ги остварат своите соништа. Оваа година караванот кој ќе им помогне на младите да се инспирираат започна во Скопје и тоа во просториите на ФИНКИ.



DigiGirlz програмата цели кон тоа да ги поттикне и мотивира младите девојчиња за кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи затоа што нивното учество во овие полиња за работа е помало отколку што треба.

- Време е да се промени светот и што повеќе жени да се охрабрат и да се вклучат во некоја СТЕМ професија, велат од  Мајкрософт Македонија.

На настанот во Скопје неколку еминтентни личности од ИТ заедницата од Македонија се обратија пред девојчињата.

Д-р Иван Чорбев, декан и вонреден професор на ФИНКИ, Елисавета Нојковска, Регионален маркетинг менаџер во Мајкрософт за модерното работно место за 24 држави, Катерина Бојков, ЦОО и ко-основач на EmbedSocial, Ирена Ивановска, раководител на ИТ про одделот во СЕМОС, Аријана Коскарова, ко-сопственик на Creative Hub, Татјана Бошевска, ЦИО во SEAVUS групација и Мартина Димовска советник во Quantum Space Products Inc. – Kennedy Space Center беа тие кои ги поставија темелите на напредокот за сите кои ги слушаа и кои сакаат да си ги остварат соништата.

DigiGirlz им овозможи на девојчињата да се запознаат со технологијата и бизнисот давајќи им совети за тоа како нивните желби и кариера можат да бидат изворот на нивната среќа. Со тоа ќе се развијат до ниво на кое ќе ја надградат сопствената заедница градејќи на стапките на овие говорници. 

- Ние сме тука да ги отвориме портите на тие кои сакаат да си ги остварат соништата. Минатата година го почувствувавме ентузијазмот со кој овие млади девојчиња се пронаоѓаат себеси во овие полиња. Тие се подготвени да го променат светот и време е ние да им покажеме како, порача Елисавета Нојковска од Мајкрософт ЦИЕ.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...