Роботи во служба на посетителите на олимпијадата во Токио 2020

Не е тајна дека Јапонија сака да ја искористи олимпијадата во Токио во 2020-та како платформа да ги прикаже „технолошките мускули“. Откако овој настан им беше доделен пред 6 години, тие постојано работат на користење на технологија за постигнување на различни цели како препознавање на лица за да се забрза влезот на спортистите, роботски такси сервис, па дури и медалите се направени од рециклиран електронски отпад.

Сега на сето ова се приклучува и Токио 2020 роботскиот проект во кој учествуваат експерти од компаниите како Panasonic и Toyota кои претставиле неколку роботи наменети за асистирање на посетителите на олимпијадата кои имаат посебни потреби или хендикеп.

Роботите за човечка поддршка (HSR – human support robot) и за поддршка на испораките (DSR – delivery support robot) изградени од Toyota, ќе работат заедно за да им асистираат на гледачите. HSR е машина висока еден метар со вградена рака за кревање на послужавници и корпи, додека DSR функционира како мобилна корпа за отпадок, но пренесува „грицки“ и останати производи нарачани преку апликација на таблет или смартфон. Официјалните планови се да бидат активни до 16 HSR и 10 DSR роботи, повеќето од нив на Олимпискиот стадион во Токио.



Овие роботи се дизајнирани да им помагаат на посетителите, особено на оние во инвалидски колички да носат храна и други предмети, како и да ги водат луѓето до нивните седишта овозможувајќи им информации во врска со настанот кој ќе го гледаат.

Од Panasonic, пак, покажале елек за асистенција кој овозможува поддршка на грбот и колковите на оние кои го носат, за да можат да креваат потешки предмети без да се повредат. Од компанијата велат дека планот е да се користат 20-тина вакви елеци за да им се помага на посетителите со нивниот багаж.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...