Бесплатни билети за кино преку технологија за следење на погледот

Стејси Спајкс, основачот на компанијата MovePass, има нов стартап наречен PreShow – апликација со чија помош ќе може да се добијат бесплатни билети за кино, сè додека изгледате 15 до 20 минути со реклами со помош на технологија за следење на погледот. Преку која што апликацијата ќе се осигура дека погледот ви бил вперен во рекламите, а не настрана.



За разлика од рекламите на YouTube кои по неколку секунди може да се прескокнат или пак целосно да се блокираат преку екстензии на интернет пребарувачите, за да се користи новата апликација корисниците ќе мора да бидат логирани со FaceID на Apple.

За да се добијат билетите, погледот ќе мора цело време да биде вперен во екранот со рекламите (или било каква брендирана програма како трејлери за филмови, интерактивна содржина од други компании и сл.), а доколку погледнете настрана, на екранот ќе се појави црвена рамка и тие ќе бидат паузирани сè додека не продолжите да ги гледате.



Спајкс вели дека не планира да ја лиценцира оваа технологија за да ја користи било кој друг освен неговата компанија PreShow.

Сега засега, се собираат финансии преку Kickstarter, а откога ќе се појави на пазарот би можела да биде на располагање за корисниците преку месечна претплата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...