Кина инсталира AI чувари во затворските ќелии

Во кинескиот затвор Yancheng моментално завршува неколкумесечната конструкција на нов „паметен“ систем за набљудување дизајниран постојано да ги набљудува затворениците, дури и кога се во своите ќелии.



Според официјалните лица, тој ќе ги направи бегствата практично невозможни, но би можел значително да влијае на психата на затворениците.

Системот ќе се состои од мрежа камери и сензори способни за постојано следење на затворениците, кои ќе користат систем со вештачка интелигенција (AI) за препознавање на лица, како и технологии за анализа на движењата, и кои ќе даваат дневни извештаи за секој затвореник кој ќе биде „обележуван“ доколку се смета дека неговото однесување е невообичаено.



На пример, доколку затвореникот е забележан како постојано се шета горе-долу во некоја просторија, машината може тој феномен да го смета за сомнителен и да побара од чуварите да направат проверка.

Минати истражувања покажале дека кога некоја личност е свесна дека постојано ја надгледуваат, тоа може да го зголеми нејзиното ниво на стресот и анксиозност. Тоа значи дека една од негативните последици на употребата на AI технологијата во затворите би можела да биде влошување на менталното здравје на затворениците.






Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...