„Холографската реалност“ ја доближува дигиталната технологија до луѓето

„Холографска реалност“ е физичка структура со виртуелна апликација, проект на Behruz Hairullaev, Brandon Muir и Nicholas Licausi и има за цел ваквата технологија да ја направи искуство за сите, а не само за поединци.



Со декади, во филмовите и медиумите холограмите се претставувани како технологија која е синоним за иднината. Преку развојот на технологијата, научниците и дизајнерите успеале да креираат разни форми со светлина но со мал размер, а сега засега постојат само тродимензионални слики низ дводимензионални екрани.

Расте популарноста и на подобрената реалност, во разните обиди да се поврзе дигиталниот со физичкиот свет, но оваа технологија е прилично далеку од целта да стане вистинско интерактивно искуство.



Во најновата фаза поврзана со технологијата која овозможува виртуелна и подобрена реалност, нејзините корисници се изолирани од околината бидејќи за да ја искусат мора да носат специјални кациги и нараквици, па така кога ги користат овие уреди, луѓето не се свесни за нивното опкружување и нивната околина не може да го сподели истото искуство.

Како одговор на тоа, „холографската реалност“ предлага технолошка револуција дизајнирана како отворено платно, спремно да прикаже разни медиумски содржини. Набљудувачите би можеле да уживаат во релаксирано набљудување на летање на виртуелни птици или разни други животни, да гледаат холографски натпревари помеѓу нивните омилени спортски тимови, да уживаат во холографски бини и концерти, и сл.



Билбордите исто така би биле холографски и не би имало потреба постојано да се дислоцираат, рушат или менуваат, а со помош на холограмите луѓето ќе можат да гледаат и да се поврзат со уметноста, рекламите и забавните содржини многу подлабоко отколку порано.

Динамичната природа на „холографската реалност“ се обидува дигиталната технологија да ја доближи најмногу што може до физичкото искуство, притоа повторно оживувајќи ја човечката интеркомуникација.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...