Партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ објавија партнерство за проширување на можностите за вклучување на децата и младите со попреченост во дигиталното општество. Партнерите, заедно со млади луѓе, ќе создаваат иновативни дигитални решенија за подобар пристап до образование и инклузија на лицата со попреченост во заедницата.



„Дигитализацијата ќе донесе многу нови можности и целосна трансформација на општеството. Ние, како едни од главните носители на таа трансформација имаме обврска да ја испорачаме најдобрата технологија, но и одговорност да создадеме фер услови. Парнерството со УНИЦЕФ е токму таква иницијатива за намалување на дигиталниот јаз за подеднакво вклучување на ранливите групи. Во исто време е и повик за подигање на свеста дека сите ние сме креатори и треба да создадеме фер дигитално општество каде што технологијата, пред сè, ќе им служи на луѓето“ – изјави Никола Љушев, Претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.



„Адолесцентите и младите луѓе имаат огромен неискористен потенцијал - по природа имаат страст за новини и желба да ги поместат границите. Младите со попреченост не се разликуваат. Ова партнерство е за заедничко создавање со нив за да се најдат иновативни решенија за вистинските бариери со кои децата и младите се соочуваат секој ден на училиште и во животот" - изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.



Партнерството се состои од две големи иницијативи кои ќе направат вистинска промена во животот на децата и младите со попреченост.

- „Generation Unlimited” – јавен повик до млади иноватори од земјата за осмислување дигитални решенија за намалување на бариерите со кои децата и лицата со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Ќе се оформат десет тимови кои ќе работат на развивање на идеите за дигитални решенија, а во секој тим ќе има по едно лице со попреченост. Тимовите ќе работат под менторство на инженери, маркетинг и ИТ специјалисти од Македонски Телеком, а најдобрите три идеи ќе бидат финансирани и реализирани. Јавниот повик со сите детали ќе биде објавен наесен, годинава.



- „Без граници“ – дигитална мапа за пристапност за лица со попреченост. Преку партнерството ќе се изработии дигитална мапа за пристапност со која луѓето ќе можат да се информираат и да ги посочат бариерите, но и позитивните примери на пристапност во: згради, пешачки патеки и премини, јавен превоз, паркинг, игралишта, тоалети итн. Преку партнерството мапата ќе се изработи како дигитална платформа. Целта е преку оваа дигитална алатка да се обезбеди полесно движење и пристапност што е една од основите за еднаков третман на овие лица. Со текот на времето платформата дополнително ќе се развива во соработка со надлежните институции, локалните организации и здруженија на родители.

Ова е второ партнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Во 2015 година под слоганот „Првите 5 најважни на свет“ беа отворени 8 центри за ран детски развој со кои децата во руралните средини добија еднакви можности за рана едукација, која им помага да бидат подобри во училиште и воопшто во животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...