Развиен алгоритам за детектирање срцев удар со помош на паметни звучници

Паметните звучници се исклучително корисни – со нив можеме да ја избереме музиката која сакаме да ја слушаме и да им дадеме гласовна команда да ја пуштат, да ги контролираме паметните светла во домот и други поврзани уреди, како и да побараме разни информации само со гласовни команди.



Сега, иновативен истражувачки проект од тим научници од универзитетот на Вашингтон сугерира дека истите би можеле да се користат и за спасување на животи.

Тие развиле начин паметните звучници да се трансформираат во алатки способни да откријат срцев удар кој се случува додека личноста спие, користејќи ја нивната способност постојано да слушаат што се случува околу нив.

Се работи за еден вид на апликација (или „вештина“, со терминологијата која ја користи Amazon Echo) која слуша со цел да детектира звуци на срцев удар. Познати е дека за време на срцевиот удар, жртвите престануваат да дишат нормално и во најголем дел имаат симптом наречен „дишење во агонија“, што е еден вид на растроен звук во обидите да се земе воздух.



За да се препознаат овие звуци, тимот развил нешто што го нарекле SVM (Support Vector Machine) – еден вид на машина на која се даваат примери од работи кои треба да ги следи, и која потоа ги карактеризира новите примери кои ги искусува.

Технологијата била тестирана на звуци на дишење во агонија добиени од повици кон брза помош во округот на Сиетл, за време на случаи на срцев удар во периодот од 2009-та до 2017-та, кои вклучувале 164 часа звуци на спиење собрани од 35 опкружувања на спални соби, како и 82 часа звуци од спиење во лабораторија каде пациентите имале апнеа, хипопнеа или рчеле.

На крај, тие успеале во сите овие сценарија успешно да го идентификуваат дишењето во агонија.

Алатката сè уште не е подготвена за масовна употреба бидејќи алгоритамот треба да се направи поробусен преку собирање на податоци од разни географски области.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...