Тивок суперсоничен патнички авион на Lockheed Martin

Lockheed Martin Aeronautics претставија нов тивок суперсоничен патнички авион наречен X-59 кој сè уште е во концептуална фаза, но кој покажува дека можеби сме на почетокот на една нова „златна ера“ на супер-брзи авионски патувања.



Се работи за авион со 2 мотори кој ќе може да пренесува до 40 патници со брзина до 1.8 маха и кој притоа нема да го креира интензивниот соничен „бум“ кој вообичаено се асоцира со леталата кои ја надминуваат звучната бариера.

Силниот ваков звук креиран од Конкорд кога ја надминувал брзината од 1 мах го спречила да лета врз копнени рути, значително намалувајќи му ја економската исплатливост.

Технологијата е помалку или повеќе спремна, а се чека на одобрување на концептот од страна на X-59 програмата на NASA (авион со слични карактеристики кој ја користи истата технологија)

Дизајнот е сличен на оној на Конкорд, но има продолжен супер-остар нос со чија помош ќе ги формира соничните шок-бранови без да креира експлозивен звук како него. Звукот кој ваквиот нос ќе го создава на земјата би бил сличен како оној од силно затварање на врата на автомобил.



Овој авион би требало да има домет од околу 5200 наутички милји (9630 километри), лесно покривајќи рути како Њујорк – Лондон, Токио – Лос Анџелес, Лондон-Пекинг и Токио – Сиднеј.

Летот од Лондон до Токио би траел 4 часа и 30 минути.

Целта е податоците потребни да се решат законските предизвици да бидат добиени до 2023-та, по што авионот би можел да се употребува во комерцијални летови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...