„Гласот на Охридското Езеро” ги обединува технологијата, музиката и природата

Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов иновативен музички проект насловен како Гласот на Охридското Езеро”.

Проектот ги обединува технологијата, музиката и природата и е во чекор со заложбите на компанијата за користење на технологијата за добро, со намера да нѐ поттикне да се фокусираме на позитивните страни што ги носи технологијата, и за нејзино искористување за добри цели.

Во тој контекст, остварена е соработка со еден од најиновативните музички композитори во земјава, Џијан Емин, кој благодарение на неограничените можности на технологијата, успеа да ги сними звуците на Охридското Езеро. Станува збор за несекојдневен музички проект преку кој во реално време ќе може да се слушне Охридското Езеро, со сите негови специфичности и посебности, доловено преку посебната музика креирана од Џијан.



За неколку дена и официјално ќе биде функционална интернет страницата, каде што секој заинтересиран во живо ќе може да слушне какви звуци има езерото во длабочина, во различни временски услови (променливо, облачно или во сончеви периоди),.. каков е гласот на Охридското Езеро во туристички пикови и метеж на градските плажи, или колку е мирно и идилично во раните утрински часови.

Станува збор за уникатен музички проект, кој има за цел да нѐ потсети на убавините на Охридското Езеро, на неговото непроценливо значење и вредност, и исклучителната важност за негово зачувување.

Македонски Телеком со оваа активност ја пренесува пораката дека технологијата можеме да ја користиме за навистина корисни и пред сè значајни работи за граѓаните, но и за целото општество, а со овој проект нè поттикнува да станеме свесни за вредноста на нашите природни и културни богатства кои треба да ги зачуваме за генерациите што доаѓаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...