Роботски маскоти и автономни автомобили за олимпијадата во Токио

Јапонија за време на олимписките и параолимписките игри во Токио идната година ќе ја прикаже најновата технологија, а од Toyota подготвија бројни роботи чија цел ќе биде да се импресионираат интернационалните посетители како и глобалната публика на овие настани.

Toyota неделава ги претстави дизајните на 7 роботи кои ќе имаат разна улога – од забавување до асистенција на спортистите и навивачите.



Тука ќе спаѓаат Human Support Robot (HSR), т.е робот за поддршка на луѓето и Delivery Support Robot (DSR), за поддршка на испораките. Тие ќе функционираат заедно – HSR ќе има роботска рака со која ќе се креваат објекти и ќе функционира и како водич кој ќе покажува каде се влезовите и излезите, како и разни простории во арената, додека DSR ќе испорачува храна и други работи нарачани преку смартфон апликација.

Маскотите Miraitowa и Someity ќе бидат во форма на роботи со кои луѓето ќе можат да имаат интеракција и ќе функционираат како забава во некои од објектите. Од Toyota споменуваат дека се размислува и за можноста самите посетители да можат да преземат контрола врз овие роботи.



T-HR3 хуманоидниот робот ќе има овозможува на посетителите на подалечни локации да имаат „интеракција со спортистите“, додека T-TR1 комуникацискиот робот во изгледот потсеќа на стоечките правосмукалки, има камера врз голем вертикален дисплеј со чија помош ќе може да „муабети“ со навивачите и спортистите, како и да ги гледа натпреварите преку камерата, за потоа сигналот неа да се емитува и да можат да го гледаат сите оние кои не се присутни во арената.



Field Support Robot (FSR) е робот кој со помош на автономна технологија ќе се движи на спортските терени и ќе помага на спортистите (на пример, ќе им го враќа фрленото копје и сл.).

Овие високотехнолошки креации на Toyota се дела од “Tokyo 2020 Robot Project”, иницијатива водена од организаторите на олимпијадата со цел на спојување на роботските експерти со разните партнери на олимписките игри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...