Jammy дигитална модуларна гитара

Jammy е дигитална гитара идеална за музичарите кои се постојано во движење, која може многу лесно да се расклопи во 3 дела за да се спакува и повторно да се склопи за свирење. Поради ваквиот модуларен дизајн, таа е долга само 68cm. кога е склопена, а 43cm. кога е расклопена.



Jammy е неверојатно пренослива и лесна и тежи само 1.3кг. Има 15 прагови, вистински челични жици со прилагодлива напнатост и директен аудио излез.

Покрај исклучително модерниот и компактен дизајн, фактот што Jammy е дигитална гитара значи дека доаѓа со мноштво различни гитарски тонови и ефекти, а може да се поврзе и со смартфон преку специјално дизајнирана апликација која нуди многу различни музички стилови, ефекти и звуци. Сето она што е отсвирено може да се сними на неа, а потоа да се префрли на компјутер (PC или Mac).



Jammy користи ¼ инчен кабел за поврзување со стандардни гитарски засилувачи, како и џек за слушалки, и USB-C порт за полнење и поврзување на гитарата со миди уред или аудио интерфејс. Со едно полнење батеријата може да издржи и до 4 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...