Облека со која слепите луѓе можат да ја почувствуваат музиката

Soundshirt („звучна кошула“) е уред што може да се носи и кој на глувите луѓе им овозможува да ја чувствуваат музиката на сопствената кожа.

Дизајнирана од модната технолошка компанија Cute Circuit, оваа облека тоа го прави со помош на 30 хаптички сензори, т.е микро-активатори, вградени во ткаенината.



Овие сензори во реално време го претвораат звукот во тактилен јазик уникатен за секој вид на музика, а на овој начин, на пример, виолините можат да се почувствуваат на рацете, а тапаните на грбот, креирајќи посебно искуство за оној кој ја носи облеката.

Со цел да се овозможи што покомфорно доживување, облеката е креирана со специјално развиени паметни и растегливи материјали во кои нема жици кои би го иритирале телото.

Визуелниот дизајн на облеката е метафора за врската помеѓу вибрациите и звучните бранови во различни фреквенции, а истата се подава по цена од околу 34000 евра. Моментално таа е на располагање во селекција на пакети наменети за музеи и оркестри.

Секој пакет доаѓа со една маица, Q антена која овозможува звучен пренос, 8 микрофони, Mac или PC со преинсталиран софтвер и аудио конвертер, а цената на пакетите се движи од 10 700 до 12 400 евра.



Компанијата Cute Circuit е базирана во Лондон и е основана во 2004-та од Франческа Розела и Рајан Генц, а специјализира во креирање на електронски уреди кои можат да се носат, а се изработени од рефлективни материјали сечени со ласер, 3D дигитален принт и паметен текстил.

Компанијата има добиени многу награди за нивните дизајни, а има дизајнирано и облека за разни ѕвезди како Кејти Пери  Никол Шерцингер и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...