Батерија за електрични возила која може да се наполни за 10 минути

Научници развиле литиум-јонска батерија која се полни на зголемена температура за да ја забрза реакцијата, но ја одржува ќелијата студена за време на празнењето, што овозможува за само 10 минути да се наполни доволно за, на пример, да овозможи домет од 320км. на електричен автомобил.



Доколку се усоврши, дизајнот има потенцијал да биде вградуван во сите комплетно електрични возила чии батерии не овозможуваат доволен домет да се пристигне до одредена дестинација без да треба да се наполнат на половина пат.

Додека конвенционалните литиум-јонски батерии се полнат и празнат на иста температура, истражувачите новата батерија ја полнеле при температура од 60 °C неколку минути, а потоа таа се празнела на пониска температура.

За тоа да се постигне, тие батеријата ја ставиле во структура од никел која самата се загрева за помалку од 30 секунди до потребната температура и откриле дека кога батериите биле загреани до 60°C можеле да издржат екстремно брзи процеси на полнење и тоа во 1700 циклуси.
Фолијата од никел ја зголемува цената на секоја батериска ќелија за само 0,47%, но бидејќи дизајнот ја елиминира потребата од надворешни уреди за загревање, новиот дизајн всушност би чинел помалку да се произведе.

Моментално, тие работат на усовршување на овој систем, со цел да само 5 минути без оштетување да може да се наполни електрично возило, за што ќе бидат потребни стабилни електролити и активни материјали, покрај само-загревачката структура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...