Seymourpowell околувратник за убавина

Англиското студио Seymourpowell дизајнирало околувратник кој испорачува атомизирани продукти за убавина преку чиста пареа. Поставувајќи ги корисниците во нешто што компанијата го нарекува „меур на убавина“, концептот наречен „атмосфера“ (atmosphère) го истражува пресекот помеѓу новата убавина и модерната технологија.



Околувратникот atmosphère е дизајниран да овозможи третмани за убавина додека сте во движење, а функционира со помош на сензори кои ги читаат податоците врзани со локацијата каде што се наоѓа корисникот и ги комбинираат со персоналните податоци како типот на кожата и претпочитаната температура.

Вентилите околу работ потоа емитираат продукти за оптимизирање на условите, прилагодувајќи го нивото на филтрација на воздухот, влажноста и активните состојки како оние за заштита од сончевите зраци. Дополнително, уредот нуди и ладење на корисникот.



Концептот вклучува и „интелигентен мебел“, кој телото го обвива во биолошки нутритивен воздух. Правејќи пресметки базирани на корисникот, уредот ја оптимизира температурата и квалитетот на воздухот за да креира најдобри услови за кожата.



Двата уреди доаѓаат со апликација која ги нуди информациите за моменталната состојба во која што се наоѓа корисникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...