Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Попуст и до 5.000 денари за купен уред со Договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со Договор за доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите

Персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети, отворен простор за изложување на производите и директна отворена комуникација со вработените. Ова е новиот концепт на Телеком продавницата сместена во Управната зграда на компанијата, којашто ќе се отвори утре, на 22 ноември, во 14 часот.



Новиот концепт на продавницата го проширува хоризонтот на класично продажно место уште на самиот влез, со модерен дизајниран излог кој на корисникот му навестува амбиент на интересно дигитално патување во светот на модерната технологија. Пoсебен акцент е ставен на личното искуство и на впечатоците на секој корисник за технолошките новитети добиени од изложените интерактивни сценографии во продавницата.

Продажниот концепт се состои од четири составни елементи: отворен простор за изложување на сите продукти и уреди - веднаш достапни за корисниците, интерактивен пулт кој ги надминува бариерите и овозможува воспоставување заемна соработка помеѓу корисниците и продажните агенти, потоа гејминг зона за несекојдневно гејминг искуство каде што нема индивидуални победници, туку чувството на победа се изразува во заемно поминатото време, како и дигитално катче во кое ќе се претстават предностите и можностите што ги нуди паметната технологија. Целиот фокус во продавницата е ставен на современата технологија и дигитализација, односно автоматизација на услужните процеси кои ќе придонесат за олеснување на корисничкото искуство.

Македонски Телеком на денот на отворањето на новата продавница, утре, на 22 ноември, подготви атрактивни цени за купување на телефони. Одредени модели на телефони ќе можат да се набават со попуст и до 5.000 денари со договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со договор за Доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите.

Новиот концепт на продажен салон во Управната зграда на Телеком во Скопје, е трет во Дојче Телеком Групацијата, по Виена и Загреб. Оваа неконвенционална продавница го потврдува епитетот на Македонски Телеком како технолошки лидер, компанија која чекори напред пред останатите, креирајќи уникатни искуства за своите корисници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...