Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5G во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.



„Неколку години наназад интензивно работиме на градење на новата инфраструктура на мрежата која ќе им ги донесе придобивките на 5G на нашите корисници. Досега неколку пати сме мереле 5G брзини, во лабораториски услови. Денес за прв пат мериме брзини во реални услови, преку сигналот од првите 5G базни станици кои се поставени во центарот на Скопје. Ја имаме првата тестна 5G мрежа во земјава што ќе ни овозможи да бидеме подготвени за воведување на оваа технологија за сите корисници, кога ќе дојде моментот“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Целта на тестната 5G мрежа е тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, како на пример: супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, ultra-HD multi video streaming, итн.).Тестирањата ќе се вршат во текот на 2020 година и врз основа на нив мрежата ќе се подготви за комерцијална фаза.



Со воведувањето на оваа технологија, не само што ќе се создадат услови за развој на информатичко-технолошко поле, туку пошироко, ќе се создадат услови за целосен економски развој на нашата земја. Ќе се смени начинот на кој функционира општеството, а придобивките ќе ги гледаме во сите сфери: медицина, образование, бизнис... 5G ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...