Top 10 стории поврзани со роботиката кои ја одбележаа 2019-та

Секој ден вештачката интелигенција и роботиката стануваат сè поспособни и попаметни. Во 2019-та видовме многу напредок на ова поле, а еве какви сè стории поврзани со роботиката ја одбележаа годинава која изминува.

1) Автономни комбиња со роботски „кучиња“

На CES2019 во Лас Вегас, компанијата Continental во соработка со ANYbotics го претстави системот составен од автономни комбиња наречени Cube и 4-ножни роботски кучиња кои можат со нивна помош да пренесуваат и испорачуваат пакети директно до пред нечија врата.

2) Малечка „сестра“ на роботот Софија



Hanson Robotics се креаторот на роботот Софија, хуманоидниот робот кој има добиено државјанство во Саудиска Арабија. Таа сега има „сестра“ висока 35 сантиметри – малечката Софија која им помага на децата да учат кодирање. Малечката Софија може да зборува, пее, игра игри и кажува вицеви, а нејзината цел учење на децата (особено девојчињата) на возраст помеѓу 7 и 13 години, теми во врска со кодирање и вештачка интелигенција.

3) Соларно напојувани роботски пчели

Малечката летечка машина наречена Robobee креирана од истражувачи од Харвард, ни ја прикажува иднината која ќе вклучува автономни инсекти-дронови, а напојувана е од 6 малечки соларни ќелии. Тежи само 259 милиграми, а може да лета со помош на 4-те крилја кои мрдаат 170 пати во секунда.

4) Роботска „патка“ на Nissan

Инженерите на Nissan имаат изградено роботска патка која на земјоделците им помага во редуцирање на користењето на хербициди и пестициди на нивните оризови култури. Компактниот робот е дизајниран да го имитира користењето на природни патки кои пливајќи го кинат плевелот и се хранат со инсектите, а нивниот измет користи како дополнително ѓубриво. Роботските патки тежат 1.5 килограми и се со големина на поголема роботска правосмукалка, а имаат 2 ротирачки гумени четки на долниот дел (кои ги имитираат нозете на патките), кои со нивното движење ја оксидираат водата и спречуваат раст на плевелот.

5) Роботски мебел на IKEA

IKEA во колаборација со американската стартап компанија Ori развила роботски систем наречен ROGNON, дизајниран за малечки животни простори. Тој се состои од голема складишна единица контролирана од површина чувствителна на допир, која може со помош на вградената шина да се лизга преку собата и да ја раздвои на 2 дела, а во себе има кревет, маса и кауч кој се извлекува по потреба.

6) Роботски контактни леќи

Научници од универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, развиле роботски контактни леќи кои преку трепкање можат да ја зумираат сликата. Тоа е постигнато со искористување на електричните сигнали кои природно се создаваат при малечките движења на очното јаболко.

7) Робот на превиткување на Ford



Производителот на автомобили Ford развил робот способен да носи пакети до вратата на нивните нарачатели, а дизајниран е така што може да се превитка за да се смести во задниот дел на автономно комбе за испораки. Наречен Digit, овој двоножен хуманоиден робот може да пренесува пакети тешки до 18кг., додека се качува по тротоари, скали и избегнува препреки по патот. Тој дури може да се движи и на нерамен терен и да реагира доколку е турнат без да ја изгуби рамнотежата.

8) Пластичен отпад претворен во океански роботски креатури

Тајванскиот уметник Shih Chieh Huang креирал роботски структури од отпад како вреќи за ѓубре, пластични шишиња и компјутерски вентилатори. Висејќи од таван, неговите моторизирани креации се надувуваат и издувуваат, осветлувајќи ја собата. За неговата изложба наречена „Incubate”, тој креирал кинетички скулптурални инсталации од вакви креатури.

9) Автоматизирана фарма за канабис

Израелската стартап компанија Seedo почнала да продава мини фарми за канабис (со големина на мини замрзнувач) за приватна употреба во 2017-та, со компјутеризирани оптички системи и контрола на климата. Во 2019-та, тие ја најавиле првата автоматизирана фарма за канабис во светот и нивните планови за изградба на целосно автоматизирана комерцијална фарма.

10) FoldiMate, машина за сложување на облека

Во 2018-та, FoldiMate ја најавија нивната машина која може да ја сложи облеката за неколку минути, а во 2019 таа била претставена на CES во Лас Вегас. FoldiMate може да превитка и сложи било каков вид на кошула, маица или панталона, без разлика дали се работи за детски број или XXL.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...