Прецизен ласер на 3D принтање минијатурни објекти

Истражувачите од EPFL, најистакнатата европска институција за наука и технологија, развиле метода за 3D принтање која може да продуцира малечки и прецизни принтови (со прецизност од 80 микрометри) во рекордно време од само 30 секунди.



Оваа иновативна технологија би имала огромен потенцијал во разни индустрии, како во 3D био-принтањето и стоматологијата.

Додека регуларните 3D принтери креираат слој по слој, и за изработка на цел објект се потребни часови, технологијата развиена од EPFL користи ласерски зраци кои градат цели модели. Процесот вклучува цилиндер исполнет со проѕирна течност развиена од лабораторијата за применети уреди за фотоника (LAPD), кој се врти додека во него е инјектиран ласер со чија помош се стврднува површината на посакуваниот модел. Целата технологија е базирана на принципите на томографијата, метода која се користи претежно за создавање медицински слики и површинско скенирање.

Ласерот ја стврднува површината преку процес на полимеризација, а во зависност од тоа што се принта, се користат алгоритми за проценување каде точно треба ласерскиот зрак да се насочи, под кој агол и со која доза.

Од сите предности врз постоечките методи, оваа нова техника е исто така способна да принта цврсти делови со различни текстури, што на медицинските и биолошки индустрии би им овозможило да принтаат меки објекти како ткива, органи, слушни помагала и сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...