Нов смартфон сензор за детектирање на вистинска кожа

Face ID технологијата на Apple е „златниот стандард“ за препознавање на лица, но не е 100% сигурна, бидејќи може да биде „прелажана“ со 3D принтана маска на нечие лице. Помалку софистицираните 2D сензори од овој тип кои се вградени во бројни смартфони, пак, можат да бидат прелажани со фотографија.



На повидок е нова технологија за препознавање на лица, благодарение на компанијата Trinamix и нивниот сензор за детектирање на кожа, кој може да ја препознае разликата помеѓу вистинска кожа и силиконските материјали кои се користат за изработка на маските – што значи дека дури и доколку маската е совршена реплика на нечие лице, нема да функционира.

Новиот оптички модул е составен од 3 компоненти – NIR камера од 1 мегапиксел, сензор за осветлување и проектор на светлина.

Технологијата на Apple се базира на инфрацрвени зраци со чија помош се мапира структурата на лицето, креирајќи 3D лик со кој се верификува корисникот, додека онаа на Trinamix ги анализира материјалите според начинот на кој што тие ја рефлектираат светлината, а анализирајќи ги тие податоци може да детектира дали се работи за жива кожа или латекс, на пример.

Иако овој сензор може да спречи лажна автентификација со помош на 3D принтана маска, тој не е совршен, бидејќи смартфонот би можел да биде отклучен од близнак на сопственикот, или можеби негов клон.

Иако сега засега целта на овој сензор на Trinamix е негово имплементирање во смартфоните, тој би можел да има и други примени. Во еден од примерите, компанијата покажала како тој може да биде поврзан со роботска рака, за да истата може да препознае каков материјал допира (стакло, пластика и сл.).

Сензорот би имал употреба и во роботските правосмукалки, кои сега можат лесно да бидат спречени во работата од разни жици, облека на подот или пак измет од домашното милениче, бидејќи со негова помош правосмукалката би можела лесно да ги избегне овие пречки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...