Дигитален детокс: Компанија плаќа 2.400 долари за 24-часови поминати без електронски уреди

Компанијата Reviews.org ќе му плати 2.400 американски долари на секој што може да избегне користење мобилен телефон цели 24 часа, како и други електронски уреди.



Оние што ќе бидат одбрани за предизвикот и ќе одговорат на истиот, ќе бидат наградени со наведената сума.

-Ако имате желба еден ден да не го користите вашиот уред и сакате да заработите пари за тоа, ова е совршена можност за вас, се вели на страницата на компанијата, во описот на „Дигиталниот детокс предизвик“.

За нив, идеален кандидат е оној кој секојдевно се занимава со современата технологија, но е подготвен да биде дел од предизвикот. Ова изгледа како лесен потфат, но не е така, зашто на учесниците не им е дозволено ниту да гледаат телевизија, ниту да користат компјутери итн.

Учесниците ќе добијат сефови во кои ќе ги оставаат своите уреди на чување 24 часа, како и картичка „Амазон“ во вредност од 200 американски долари. Со неа, ќе можат да ги купат работите со коишто ќе го поминат денот. Можат да користат машина за пишување, да сликаат…

Од учесниците ќе се бара и да го опишат своето искуство од ова доживување.

Според извештајот на непрофитната организација „Common Sense Media’, американските тинејџери минуваат во просек седум часа пред екранот. Пријавувањата за учество во предизвикот се отворени до 26-ти март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...