Оптимизмот и глобалниот успех на младиот македонски иноватор

Орхан Багашов: Откриј во што си добар и искористи го за добро!

Генерацијата Z е првата вистински дигитална генерација порасната во време на технологија и електронски комуникации, па логично е да се претпостави дека овие млади луѓе се подготвени за модерните предизвици. Меѓутоа, во постпандемискиот свет, тие се соочуваат со многу културни, социјални и економски неизвесности и се загрижени за изборот на својата идна професија.



Истражувањето коешто го спроведе Дојче Телеком со 4000 млади луѓе на возраст од 16 до 26 години покажува дека 61% од припадниците на Генерацијата Z се загрижени за професионалните можности и работните места коишто им се нудат во иднина, а повеќе од 43% сметаат дека ги немаат потребните квалификации за да ја добијат работата којашто ја сакаат.

Во брзиот и вртоглав свет на денешницата, за младите е најважно да ги откријат своите вештини и да го идентификуваат својот иден кариерен пат. Нивните интереси стекнати уште од најмали нозе во иднина може да бидатпатоказ за градење на животот и наоѓање на улогата во општеството.

Денес светот е глобално село и успехот нема граници, а пример за тоа е осумнаесетгодишниот Орхан Багашов од Тетово којшто ги искористи своите вештини за да направи позитивна промена во општеството. Следејќи ја својата тинејџерска пасија, тој за младинскиот предизвик „GenerationUnlimited” инициран од Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ, заедно со својот тим eBionics создаде дизајн којшто ги смени правилата на игра: 3Д печатена бионичка рака наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.

Младите иноватори од eBionics се прогласени за севкупни победници на глобалниот младински предизвик Генерација без граници, којшто се одржа во Њујорк во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во светот.

„Ваквите протези не се новост, но се многу скапи, цената им се движи и над 7.000 долари. Нашата протеза чини до 250 долари и ја има истата функција како скапите протези. Но, не е само ниската цена во прашање. Оваа бионичка рака може секој дома да си ја склопи“, вели Орхан.



Мотивацијата зад креирањето на овој дизајн Орхан ја најде во желбата да го спои инженерството со реалните човечки потреби. Бионичката рака наречена Venus Arm е само дел од еден негов поголем проект во кој овој млад човек се обидува да направи функционален хуманоиден робот, користејќи ги неговите инженерски вештини. Кога Орхан првпат се заинтересира за роботика, мораше да ги учи основите преку YouTube видеа, а денес веќе е глобално наградуван тинејџер со еден импресивен проект зад него и уште којзнае колку пред него.

Познавањето на своите силни страни отвора многу нови перспективи за одредување на животната насока, па затоа е важно што порано да ги препознаете и да најдете практична примена за нив. А ако успеете да ги искористите вештините за нешто добро, тогаш тоа ќе има позитивен ефект за целата заедница.

Дали вие имате одговор на прашањето: „Кои се вашите главни вештини?“

Платформата Futureproof, создадена од Дојче Телеком, ги открива вештините на младите луѓе и им помага во изборот на идната кариера. Освен дигиталната алатка, на страницата: https://www.telekom.mk/wearefutureproof.nspx ќе најдете и корисни совети за пишување професионални биографии, подготвување за интервјуа за работа и подобрување на профилите на социјалните медиуми. Инспирирајте се, поттикнете го својот дигитален оптимизам, Генерацијата Z може да ја смени иднината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...