Ново истражување на Телеком за дигитална зрелост на малите и средни компании

Зголемување во однос на минатата година – 34% од компаниите во земјава се дигитално зрели и оваа година, Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС, спроведе истражување за дигиталната зрелост на македонските компании.



Целта на истражувањето е да се добие увид во дигиталната подготвеност на компаниите во Македонија, да се разберат навиките и потребите за користење дигитални алатки, но и да се поттикнат малите и средни бизниси успешно и побрзо да се дигитализираат. И во 2022 година, истражувањето беше спроведено врз репрезентативен примерок од 500 компании. Главниот фокус е насочен кон компаниите со помалку од 250 вработени, како значаен двигател на економијата со најголемо присуство на македонскиот пазар. Еден од главните заклучоци е дека 34 % од компаниите имаат висок индекс на дигитализација, што е зголемување во однос на минатата година кога оваа бројка изнесуваше 28%.

-Сите оние компании коишто порано почнаа да користат дигитални алатки веќе бележат раст и развој. Денес не треба да дискутираме дали ни е потребна дигиталната трансформација, туку како и кога ќе ја спроведеме. Македонски Телеком е посветен парнер за дигитализација и освен дигиталните алатки и сертификати нуди и сигурност и одржливост на подолг рок, како и највисоки системи на заштита. Посветени сме да бидеме двигател и поттик за целосна дигитализација на бизинисите, а со тоа и развој на целата економија, изјави Гоце Митевски, Главен комерцијален директор за деловни корисници.

Генерален заклучок од истражувањето е дека компаниите во Македонија, посебно малите со 1-9 вработени, ги согледале придобивките на дигиталниот маркетинг и дигиталната комуникација, а се забележува и статистички значаен пораст на релевантните алатки: веб комуникација, дигитална продажба на производи/ услуги (е-трговија), спонзорирани реклами и други форми на дигитален маркетинг, софтвер за контрола и оптимизација на процеси, CRM/ ERP.

И покрај позитивниот тренд на дигитална трансформација на компаниите, сè уште сме на почетокот и се очекува сè повеќе мали и средни компании да користат дигитални алатки во наредниот период. Повеќе за истражувањето можете да најдете на следниот линк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...