АЕК на јавен состанок ќе додели одобренија за 5Г

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на јавен состанок закажан за 11-ти месецов ќе додели одобренија за 5Г.



Воведувањето на 5Г во државава и доделувањето на одбренијата за 5Г се дел од агендата за првиот јавен состанок на АЕК за годинава. На дневниот ред се и теми за роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување поевтин роаминг со ЕУ, сајбер безбедноста како и за заштита на правата на крајните корисници на електронски комуникациски услуги.

АЕК претходно ја утврди најниската висина на еднократниот надомест и начинот на плаќање за добивање одобрение за користење радиофрекфенции од радиофрекфенциксите опсези 700 MHz И 3.x GHZ. Еднократниот надомест за одобренијата А2 и А3 изнесува 5,25 милиони евра, а по 2,9 милиони евра за Б2 и Б3. По 10,8 илјади евра е надоместот за одобренијата Б41, по 5,4 илијади евра за Б44 и Б45, а по 6,3 илјади евра за Б46.

Писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање до АЕК доставија Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком.

На 25 ноември лани АЕК објави тендер за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, но беше прекинат по постапката на Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откако беше поднесена претставка на една од заинтересираните страни, во која се тврди дека со дел од понудените услови за влез на нов мрежен оператор се нарушува конкуренцијата на пазарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...