Јапонец има план да создава видеоигри и по смртта

Јапонецот Хидео Коџима, изумител на видеоигри, како што се „Death Stranding“ и „Metal Gear Solid“, верува дека ќе продолжи да создава игри и откако ќе го нема. Имено, тој открива дека има прилично уникатни планови со коишто се обидува да си овозможи „живот“ на Земјата и по смртта.



– Ќе продолжам да водам сѐ дури сум тука, а сѐ што ми е важно е нашите корени, кога станува збор за создавањето, да останат недопрени. Но, веројатно ќе останам на земјата како вештачка интелигенција по смртта, појасни тој.

– Треба да бидете стимулирани на многу различни начини ако сакате да продолжите да создавате нови работи, па претпоставувам дека и натаму ќе соработувам со други и ќе прифаќам нови работи, дури и ако не сум официјално жив, нагласи Коџима.

Според него, новата технологија постојано ја заменува старата.

– Технологијата што ја користите денес можеби нема да биде применлива утре, а јас сум заинтересиран да најдам начини да го вградам новото. Погрешен избор може да значи неуспех, се разбира. Тоа е малку слично на вселенска програма, додаде визионерот.

Проговори и за неговиот проект со „Мајкрософт“.

– Проектот бараше инфраструктура којашто никогаш порано не била потребна, па разговарав со многу различни големи компании и правев презентации, но се чинеше дека сите мислеа оти сум луд. На крајот, „Мајкрософт“ покажа разбирање и сега работиме заедно на проектот, објасни тој.

Коџима не кажа повеќе подробности за тој проект, но во меѓувреме, „Death Stranding 2“ е во продукција, а во тек е и филм заснован на првиот дел од оваа видеоигра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...