Реакции по смртта на Стив Џобс

Смртта на Стив Џобс со еднаква тага ја дочекаа милиони корисници на неговите иновации, директори на технолошки компании и политичката елита.

Американскиот претседател Барак Обама наведе: Мишел и мене силно не растажи веста за неговата смрт. Стив беше еден од најголемите американски иноватори, доволно храбар да мисли поинаку и доволно самоуверен да мисли дека може да го немува светот, но и доволно талентиран тоа и да го направи.

- Стив Џобс беше личност со голема визија, со иновации и лидерство. Неговата смрт е загуба за Apple, но и за целата наша индустрија, наведоа од Acer.

- Стив Џобс беше голем пријател и доверлив советник...Зад него има милиони луѓе инспирирани со него. Го измени нашите животи и култура на една генерација. Беше оригинален - неверојатно креативен ум кој дефинираше ера, рече претседателот и извршен директор на Дизни.

- Многу сум тажен поради неговата смрт. Беше брилијантен човек. Со само неколку реченици можеше да каже се она што вие го размислувате долг временски период. Неговиот фокус на искуства на корисници секогаш ми беше инспирација. Беше многу љубезен и ми даде голема помош и совети кога станав извршен директор на Google, изјави Лери Пејџ од Google.

- Денес загубивме еден од најголемите и највлијателни креатори и бизнисмени на сите времиња. Едноставно, беше најдобриот извршен директор во својата генерација. Додека жалам за неговата смрт, мислам за неверојатното влијание на начинот на кој луѓето ги конзумираат медиумите и забавата, наведе Руперт Мардок, сопственик на News Corp.

- Многу суим тажен поради Џобс. Беше рамо до рамо со Хенри Форд и Едисон, напиша Алек Болдвин на Twitter.

Еден од ретките кои немаа коментар, беше биолошкиот татко на Стив Џобс, Абдулфатах Јандали.

- Ја слушнав веста. немам што да изјавам, рече неговиот татко кој никогаш не го запозна иако пред два месеца изрази таква желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...