Ѕвездите со последен поздрав до Стив Џобс

Познатите личности ги искористија социјалните мрежи за да му упатат последен поздрав на покојниот визионер Стив Џобс.

Ештон Качер напиша неколку твита во врска со смртта на Џобс, а дури го смени и својот аватар, кој сега ја претставува компанијата Apple и Стив. Во една од пораките тој изјавува: „Испраќам љубов и светлина до сите во Apple и до целата фамилија Jobs. Денес изгубивме огромен човек кој ќе им недостасува дури и на оние кои не го знаеја.“

Американскиот претседател Барак Обама преку Твитер напиша: „Почивај во мир, Стив Џобс. Сите ние во #Obama2012 ти благодариме за работата што ја правиш возможна секојдневно – дури и нашата.“

„Почивај во мир Стив Џобс. Колку неверојатен човек. Тој остава наследство кое ќе трае многу повеќе од неговите иновации...“, напиша актерката Busy Phillips.

Саманта Ронсон, поранешната девојка на Линзи Лохан, напиша: „Во бестрага. Толку тажно. Каква неизмерна загуба за секого. Поздрав и молитви до неговото семејство и благодарност за сето тоа што го направи. Почивај во мир Стив Џобс.“

„Како што пишувам на мојот iPhone, солзи ми течат по лицето за извонредниот човек кој никогаш не го запознав. Неговата генијалност допре до сите нас. Стив Џобс, ти ќе бидеш со нас засекогаш.“, напиша супермоделот Тајра Бенкс.

Марк Цукерберг на Facebook постираше: „Стив, ти благодарам за тоа што ми беше ментор и пријател. Фала ти што ни докажа дека тоа што ќе го создадеш може да го промени светот. Ќе ми недостасуваш.“

Режисерот на Iron Man, Jon Favreau, напиша: „Денеска изгубивме вистински визионер. Сочувство до целото Apple семејство.“


Изгравирано јаболко на излогот на една продавница во Лос Анџелес

„Тажен сум за Стив Џобс. Човек од рангот на Хенри Форд, Ендру Карнеги и Томас Едисон“, вели Алек Болдвин.

Комичарот Џими Фелон напиша: „Ти благодарам, Стив Џобс, за сите забавни и неверојатни начини со кои ни ги подобри животите... Sent from my iPhone.“

Нели Патрик Херис, актерот познат по серијата How I Met Your Mother, напиша: „Почивај во мир, Стив Џобс. Твојата генијалност ќе продолжи да живее со генерациите кои доаѓаат.“

Актерот и комичар Патон Освалт го спореди Џобс со Marvel херој и технолошки генијалец, пишувајќи: „ Почивај во мир, Стив Џобс. Најблиското нешто што го имавме до Tony Stark.“

Актерката Дијана Агрон од серијата Glee постираше: „Никогаш не се имавме сретнато, а сепак стојам помеѓу сите членови на ова џиновско игралиште што ти го откри за нас. Го користиме секој ден, никогаш не заморувајќи се од песокот.“

Актерот од серијата Vampire Diaries, Ian Somerhalder, напиша: „Моето срце и благодарност, како и на многу други од нас, оди до Стив Џобс и неговото семејство. Вие Господине сте еден од најголемите умови кои светот некогаш ќе ги види.“

Обидувајќи се да ја разведри ситуацијата, режисерот на Hostel, Eli Roth, напиша: Луѓе, и јас сум тажен за Стив Џобс, но Стив Џобс 2 излегува за еден месец.“

Сопственикот на Microsoft, Бил Гејтс изјави: „Светот ретко има можност да види некој кој има толку големо влијание како она на Стив Џобс, чијшто ефект ќе се чувствува на многу идни генерации. За сите ние кои бевме доволно среќни да работиме со него, тоа беше неизмерно огромна чест.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...