Пет гаџети по кои ќе го помниме Стив Џобс

Коосновачот на Apple зад себе остави не само успешна компанија, туку и низа иновативни уреди кои го променија светот.

Еве го нашиот избор од пет гаџети по кои ќе го помниме Стив Џобс.

Apple ][

Домашниот компјутер беше еден од првите микрокомпјутери кој доживеа неверојатно успешно масовно производство.

На пазарот се појавил на 5-ти јуни 1977-та година, со почетна цена од 1.298 долари. Тој успеа да се одржи до ноември 1993-та година, кога Apple започна со производство на моделот ][е.

Идејата била главно на Стив Вознијак, иако и придонесот на Џобс не бил занемарлив. Првиот модел имал микропроцесот MOS Technology 6502 со 1MHz и 4 kb RAM.

За вчитување на програмите и складирање на податоците се користеле аудиодискети Disk II, надворешни флопи дискови со дијаметар од пет инчи.

iMac

iMac-овите направија револуција во светот на персоналните компјутери. Тоа веќе било јасно уште на прв поглед, дури и на оние кои не се разбирале во тоа. Наместо вообичаеното коцкесто куќиште, iMac-овите изгледале како разнобојни, проѕирни монитори со заоблени линии, налик на јајце.

iMac се докажа како еден од производите кои му овозможи на Apple повторно да застане на свои нозе. Тој сè уште се произведува. Прв пат на пазарот се појави 1998-та година и имаше процесор со 233 MHz, 32 MB RAM и 4GB простор за складирање. Тој чинеше 1299 долари.

iMac бил првиот персонален компјутер без флопи слот. Наместо тоа, тој беше првиот компјутер со влез за USB. Името „i“ имало двојно значење: интернет и индивидуално. Бил познат по многу лесното и едноставното спојување на мрежата.

Интересно е што Џобс не го сакал името „iMac“. Тој сакал да користи некои име од кое би ни се смрзнала крвта во жилите, како што самиот знаел да каже. За што се работи, сè уште е тајна.

Погледнете како изгледало претставувањето на првиот iMac:

iPod

Пренослив уред за складирање и репродукција на музика и видео, исто така беше револуционерен гаџет. Покрај по дизајнот и интерфејсот, тој е препознатлив и по влијанието врз музичката индустрија и популарната култрура.

Прв пат се појави на 10-ти ноември 2001-та година. Под водството на Џобс, Apple воочил празнина на пазарот за дигитални уреди која што сакал да ја пополни. Тие мислеле дека тогашните уреди се големи и непрактични или мали и бескорисни, со неверојатно лош кориснички интерфејс. Поради тоа тие започнале да креираат нешто свое.

Развиен за помалку од година дена, по инсистирање на Џобс, настанал препознатливиот дизајн во кој управувачките функции биле во облик на тркалце.

iPod-овите биле шарени, убаво изгледале и на нив можеше да се складира многу музика. Тешко беше да им се одолее.

Две години по премиерата на iPod, беше претставен и iTunes, кој многу брзо, откако Џобс успеа да ги наговори „тешкашите“ од дискографската индустрија на прифаќање на новиот бизнис модел, стана прв глобален успешен пазар за музика.

Apple досега исфрли шест генерации од овој ред, продаде милиони примероци, а во моментов господари со пазарот на преносни плеери.

Му се предвидува крај поради појавата на iPad и iPhone, но нешто нам ни говори дека тоа тој нема така лесно да се предаде.

iPhone

Постојат квалитетни и напредни уреди, но iPhone неоспорно е заслужен за првиот бран на масовното прифаќање на smart телефоните. Тој е еден од најуспешните уреди во долгата историја на Apple. Од 9-ти јануари 2007-та година, кога за прв пат се појави на пазарот, до денес iPhone доживеа четири генерации и бројни промени. Петтата беше најавувана за 4-ти октомври, но наместо неа излезе 4S.

Неговиот развој го иницираше Стив Џобс во 2005-та година, наложувајќи на инженерите на Apple да се позанимаваат со истражување на екраните осетливи на допир.

Се проценува дека биле потрошени повеќе од 30 месеци и 150 милиони долари пред да биде добиен прототипот. На крај излезе дека тоа се исплатило, бидејќи Apple има продадено повеќе од 73 милиони примероци.

iPad

Од април 2010-та година, кога е пуштен во продажба, таблетот на Apple го зазема пазарот. Минатата година во целиот свет се продадени повеќе од 14 милиони примероци. Заедно со двојката, испорачани се повеќе од 15 милиони примероци.

Џобс досега лично ги претстави и двата модели, иако во тоа време беше на боледување, борејќи се со опасниот рак на панкреасот.

Освен со дизајнот, овој уред се разликуваше од лаптопите по екранот осетлив на допир, како и виртуелната тастатура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...