Каква е иднината на Apple без Стив Џобс?

Повеќето аналитичари сметаат дека Apple во следните година, две ќе продолжи со досегашното темпо и сè уште ќе може да смета на големата побарувачка за iPhone и iPad.

Apple влегува во постЏобс ерата – си замина еден од основачите на оваа компанија, човекот кој управуваше со сите важни проекти и визионер на кој му припаѓаат скоро сите заслуги за успехот на Apple.

Прашањата за тоа каква е иднината на Apple без досегашниот лидер си го поставија многу луѓе уште во август откако Џобс го напушти местото на извршен директор, а со исто темпо сега повторно се занимаваат бројните аналитичари, новинари и експерти.

Според нивното мислење, Apple во моментов нема причина да се плаши за својата иднина, а некои дури и сметаат дека смртта на Џобс ќе резултира со уште поголема побарувачка за уредите на оваа компанија.

Така Стивен Осински, професор по маркетинг на универзитетот во Сан Диего, изјави дека Џобс бил како рок ѕвезда па по неговата смрт можеме да очекуваме побарувачка на уредите за кои тој е заслужен – неговата смрт тој ја спореди со смртта на Мајкл Џексон, откако следеше голема побарувачка за неговите албуми.

Исто така добро познат е фактот дека Стив Џобс ја подготви компанијата и своите вработени на ова заминување, така што стратегијата на Apple за следните неколку години веќе е дефинирана, така да големи турбуленции во скоро време не би требало да има.

Бројните аналитичари сметаат дека во иднина акциите на Apple ќе растат – прогнозите за продажба на новиот iPhone, без оглед колку разочараа, и понатаму се одлични.

Следниот модел на iPad и iPhone 5 исто така веќе се разработени, а главната улога во нивното создавање и дизајнирање ја имал Џобс. Ако може да се верува на некои шпекулации кои кружат на интернет веќе подолго време, iPad не е последниот „револуционерен уред“, туку тоа е телевизорот на Apple.

Иако никаде не е службено потврдено, Џобс во последните години наводно работел на телевизор кој ќе има поддршка од iOS оперативниот систем и кој оваа компанија планира да го претстави за година или две.

Во ерата по Стив Џобс, Apple може да се потпре на одличниот менаџмент – врни експерти кои со години работеле со Џобс и без кои Apple не би бил на местото на кое е сега. Новиот извршен директор Тим Кук сигурно ја нема харизмата ниту пак е визионер како неговиот претходник, но Џобс сигурно некое време го подготвил за оваа функција, а со помош на маркетинг гуруто на Apple, Фил Шилер, главниот дизајнер Џонатан Ив, софтверскиот експерт Скот Форестал и шефот за финансии Питер Опенхеимер, уверени се пазарните аналитичари, дека Apple е во добри раце.

Еден од потенцијалните проблеми со кои Apple би можел да се соочи, смета Роб Ендерли од консултанската компанија Enderli Group и Енди Харгривс од Pacific Crest, е токму заминувањето на досегашните работници на Apple, бидејќи според нив, голем дел од лојалните луѓе на Џобс сега би можеле да размислат за нова работа.

На вработените во Apple на високи позиции сигурно ќе им се отворат големи можности за нови работни места, бидејќи другите компании сигурно ќе им понудат подобри приходи и позиции, но прашање е дали некои од нив ќе сака да го напушти местото во една од најголемите светски компании во која ионака се добро платени.

Следните година, две, Apple би требало да продолжи во исто темпо, да го собира профитот од продажбата на iPhone и iPad, а ќе видиме дали ќе биде претставен и iOS TV и како тој производ  ќе пројде на пазарот.

Но, сепак се поставува прашањето што можеме да очекуваме во долгорочниот период, кога ќе дојде време за некои нови револуционерни уреди кои „ќе го сменат пазарот“ како iPod, iPhone, iPad, iTunes или App Store и ќе даде нов поттик за развој на оваа компанија. Можеме ли, по Џобс, од Apple да очекуваме уште такви уреди?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...